Герасимовски на кафе со противкандидатите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Горан Герасимовски новиот градоначалник на општина Центар ги покани на кафе неговите против кандидати за општина Центар со кои разговараше за развојот на општина Центар и првите приоритетни проекти.

„Мило ми е што моите против кандидати ја прифатија поканата за неформално дружење на која разговаравме за општината и приоритетните проекти кои треба да ги реализираме. Сите ние имаме свои ставови и различни гледишта на работите и тоа го ценам, затоа ми е важно секое мислење и идеја“, изјави Герасимовски.

Герасимовски во текот на кампањата имаше слични проекти за кои денеска подетално разговараа. На кафе средбата Герасимовски кажа дека општината ќе биде отворена за граѓаните и тој ќе ги прифати, разработи и реализира сите проекти кои се во интерес на граѓаните и кои го подобруваат животот во Центар.

Тој појасни дека заедно сите можат да придонесат за подобар и поубав Центар.