Германија: Со возило влетал во толпа луѓе, повредени над 15 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 15 лица, меѓу кои и деца, се повредени откако возаќ со голема брзина на возилото влетал во маса луѓе на карневалската поворка во германскиот град Фолкмарсен, јавува АП.

Полицијата наведува дека возачот веќе е притворен.

За сега не се знае точната причина за инцидентот.

Додека полицијата води истрага за инцидентот, останува непознато дали возачот намерно влетал во луѓето.

Германските медиуми,пак, објавија дека меѓу повредените има и деца и цитираат сведоци кои тврдат дека возачот намерно влетал со автомобилот во толпата, па дури и дека забрзал пред да удри во неа.

Франфуртер Алгемајне цајтунг јавува дека сребрениот „Мерцедес“ се запрел дури 30 метри по моментот на влетувањето меѓу луѓето.

Десетина возила на итната помош, полиција и пожарникарски служби се пратени на местото.

Овој инцидент следел само една недела откако Германец во градот Ханау изврши масакр, убивајќи 9 лица, меѓу кои и неговата мајка, а потоа изврши самоубиство.