Германски експерти доаѓаат деновиве во Тетово да помогнат во истрагата за несреќата во модуларната болница

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најавените германски експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt), се очекува да пристигнат деновиве во Тетово, и да помогнат околу истрагата за несреќата во модуларниот ковид центар во која загинаа 14 лица.

Во меѓувреме, тимот обвинители од тетовското и скопското обвинителство продолжува интензивно да презема дејствија за испитување на трагичниот настан. 

Владата пред неколку дена соопшти дека била потврдена поддршката од Германија за да пристигнат стручни лица во земјава со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот.

Тимот кој ќе дојде од Германија е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација.

Вчера беа погребани жртвите од несреќата, откако претходно на нив беше направена обдукција и идентификација од страна на судска медицина.