Михаел Мејер-Херман, германски имунолог од центарот Хелмхолц за истражување на инфекции, истакнал дека вакцинирањето најпрво на стари луѓе, што досега го прават повеќето земји, меѓу кои и Германија, значајно ја намалило стапката на смртност, но како таа група има најмалку контакти, немало големо влијание на пандемијата.
Неговите изјави за берлинскиот „Тагешпигел“ доаѓаат во време на фрустрацијата во Германија поради бавниот проес на вакцинација.
Мејер-Херман исто така го критикувал и планот за попуштање на ограничувањата и го истакнал ширењето на британската варијанта.
Според него, се очекува бројот на случаи да „експлодира“, имајќи во предвид што се случува со соевите кои се појавуваат во моментов.
