„Германското претседателство е свесно за влогот којшто сите сме го дале во овој процес и целата ЕУ во последните 3 години“, вели Османи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека сака да ја искористи приликата и да му се заблагодари на германското претседателство затоа што, како вели, одигра и уште одигрува принципиелен, активен и со коректен однос по однос на прашањето со Бугарија.

„И тоа не за да се пофали дека во текот на претседателското нивно е завршено туку заради тоа што се свесни за стратешкото значење на ова прашање, за последиците на неуспехот по државата, по однос на односите со Бугарија, по однос на регионалната динамика. Германското претседателство е свесно, свесно е за влогот кој што сите сме го внесувале во овој процес и целата Европска Унија во последните 3 години за да може да се жртвува така лесно овој процес“, истакна Османи.

Тој вели дека Бугарија е во предизборен амбиент и сето тоа влијае во политичкиот и јавниот дискус, па затоа тие не секогаш ги коментираат изјавите коишто доаѓаат од бугарските пратеници и министри.

„Во предизборен амбиент дури намерно предизвикувате реакција за да може потоа да го испромовирате во вашите кампањи, ние не сакаме да бидеме дел од тие кампањи, но се разбира министерката Захариева ги претставува државните позиции и затоа веќе не е дел од она што го кажував претходно“, додава Османи во „10 Минути“ на ТВ21.

Тој смета дека министерката Екатерина Захариева се држи до тоа да не се измешаат тие моменти, односно државната позиција и политичкиот притисок од внатрешната динамика.

„Сметам дека се уште има простор да се разговара и да се најде решение да се спаси овој процес“, порачува Османи.