Пет лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во нападот на божиќниот базар во Магдебург во петокот вечерта. Меѓу жртвите има и деветгодишно момче.
Граѓаните оставија свеќи и положија цвеќе на влезот каде што се случи инцидентот во чест на жртвите.
„Видов многу жал, многу солзи, збунетост и екстремни состојби на шок“, рече Корина Пагелс , психолошки советник кој им нуди помош на погодените.
Овој пат напаѓачот е Талеб Ал Абдулмохсен (50), по потекло од Саудиска Арабија. Живеел во Германија од 2006 година и работел како лекар во локална клиника. Според Си-Ен-Ен, тој бил атеист и зборувал против исламот, а во интервју во 2019 година се опишал себеси како „најагресивниот критичар на исламот во историјата“. Абдулмохсен на социјалните мрежи ја изрази својата поддршка за АфД.
Но, за многу Германци во Магдебург, фактот дека најновиот напаѓач на божиќниот саем не одговара на очекуваниот безбедносен профил, едноставно не е важен. Огорчени се и лути.
„Нашите политичари се одговорни за ова“, рече Барбара , додавајќи дека „треба да се исчисти од луѓе кои прават такви работи“.
„Сега е време да ги затвориме нашите граници“, рече Том.
