29-годишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако бил фатен како вози со брзина од дури 204 километри на час на автопатот А1 кај клучката Смоквица.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 29 јули во 21:26 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија при контрола на сообраќајот со радар утврдиле дека Ж.Д. (29) управувал патничко возило „БМВ“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 204 километри на час, на делница каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
„На 29.07.2026 во 21:26 часот на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ж.Д.(29) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ж.Д. управува патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 204 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”-стои во објавата на МВР.
