Скопската полиција заплени поголема количина наркотици при претрес во стан во Скопје, каде што биле пронајдени 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и помали количества амфетамин, екстази, ЛСД, масло и смола од хашиш и халуциногени печурки.
Како што соопшти МВР, претресот бил извршен по судска наредба во стан што го користеле М.Б. и Н.Ј., кои претходно биле лишени од слобода.
„При претресот извршен по добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, ЛСД, масло-хашиш смола, халуциногени печурки. Лицата се задржани за понатамошна постапка, а од страна на ЕНТ до надлежното ОЈО е поднесена кривична пријава во итна постапка“, се вели во соопштението на МВР.
