Гимназија во Нирнберг се решила на необичен чекор – да ги казнува учениците по пет евра за секое доцнење на училиште без оправдување.
Соопштението на директорот на училиштето Рајнер Гејсдерфер предизвика голема врема на почетокот на лчетото. Сега неколку месеци подоцна, од училиштето известуваат дека има намалени доцнења.
„Имаме многу деца кои од било која причина не успеваат да додат на училиште. Не им е гајле за опомени“, рече директорот и додаде дека оваа казна ги нервира учениците.
„Казната е воведена по разговори со родители, наставници, училишни психолози и други органи. Казната важи само за повозразни ученици“, рече директорот.
Берлин исто така сака да воведе вакви мерки за да ги мотивира учениците да не доцнат.
„Мерката се воведува да се испрати сигнал дека не седиме со скрстени раце“, изјави Стефан Дул, претседател на Унијата за училишта во Берлин.
Сепак, и покрај мерките, има ученици кои и натаму доцнат, и сега се бараат начини како да се спречи ова.
