Гинекологија во Тетово со 3,5% повеќе породувања од минатата година, имиграција и кариера, причина за нискиот наталитет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Има многу фактори кои влијаат на намалувањето на наталитетот, а меѓу нив е и иселувањето како и трчањето по кариера, вели гинекологот Мерале Реџепи. За да се најдат повеќе одговори за ова, таа смета дека државата треба да направи подлабинска анализа, а ни кажа и една друга карактеристика, дека се зголемува бројот на раѓања на мајки над 35 години.

„Самиот факт што емиграцијата се зголемува, брачните двојки патуваат заедно, живеат заедно во странство, еманципацијата на жената негативно влијае на бројот на раѓања, кариера, образование, овозможува или одредува паровите да имаат помал број раѓања и ова се некои од факторите на кои не можеме да влијаеме“, вели Реџепи.

Реџепи вели и дека бројот на природни породувања е поголем од оние со царски, додека самите лекари инсистираат на природно породување.

Гинекологот Реџепи, која е и началник на одделението, открива дека бројот на родени во гинекологија во Тетово е зголемен за 3,5% во однос на лани. Во 2023 година имало 980 родени, додека досега бројот на родени е 1013, бројка која до крајот на годината може уште повеќе да се зголеми.

„Со оглед на тоа што наталитетот кај нас е намален и воопшто имаме намален број на раѓања во секој град во Македонија, можам да кажам дека во однос на минатата година е пораснат за 3,5 и верувам дека бројот на раѓања во нашето одделение ќе биде 1030“, изјави Реџепи.

Причините зошто е зголемен бројот на породувања на гинеколошкото одделение во Тетово, Реџепи ги гледа во подобрувањето на условите, како што се посебните простории за породување, во кои сопругот или членовите на семејството можат постојано да престојуваат.