Гинисов рекорд: Индиец направи прстен со 12.638 дијаманти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Основачот на златарата „Ранани бисери“, Харшит Бансал, во градот Мерут во Индија, влезе во Гинисовата книга на рекорди затоа што направил прстен со 12.638 дијаманти.

Тој ова ремек дело го направил на 21 декември минатата година, а го нарекол „прстен на просперитетот“, кој е украсен со цветен дизајн, заедно со илјада природни дијаманти од 38.08 карати, пренесува Си-Ен-Ен.

Прстенот е тежок нешто повеќе од 165 грама, а претходниот рекорд со 7.801 дијаманти, исто така, е поставен во Индија, во Хајдерабаду.

Бансал за Гинисовата книга кажал дека бил инспириран да го собори рекордот додека студирал во градот Сурату, а две години по претходниот рекорд и сам станал рекордер затоа што успеал да внесе најмногу дијаманти во еден прстен.