Годинава нема учебници за странски јазици – министерката вели дека ќе се обезбедат во септември 2025

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште месец и пол до крајот на првото полугодие, а учебниците за странски јазици не се обезбедени. Овие учебници учениците нема да ги добијат ниту во второто полугодие, бидејќи, како што вели министерката за образование и наука Весна Јаневска, тендерот за набавка ќе се реализира во јануари 2025 а учебниците ќе стигнат во септември.

Насер Мифтари, професор во средното училиште Зеф Љуш Марку вели дека учебниците се главен извор од кој учат учениците, и истакнува дека решение сега за сега наоѓаат преку технологијата.

„Што правиме во тие моменти кога  немаме, ја сликаме наставната единица, темата и потоа ќе ја дистрибуираме во тие програми што ги имаме и ќе работиме. Значи, немавме проблем, иако тоа може да биде малку тешко за учениците затоа што сите знаеме дека учебниците се главен извор, но денес и тоа може да се надмине ако сакаме да работиме. Порано, кога немавме учебници, мораше да патуваме можеби километри само за да ја најдеме книгата, копијата“, вели Насер Мифтари.

Инаку поради немањето учебници, родителите мораат да им ги фотокопираат книгите на децата, нешто што чини околу 400 денари, а друга алтернативна метода е онлајн учење.