Фудбалскиот клуб Пелистер упати искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите на прерано починатиот 13-годишен фудбалер Аган Асани од КФ Куманово.
Од битолскиот клуб преку социјалните мрежи изразија длабока тага поради трагичната вест и испратија порака на поддршка до најблиските на младиот спортист.
„Почивај во мир, Аган“, порачаа од Пелистер, придружувајќи ја објавата со зборови на сочувство и солидарност.
Спортската јавност е потресена од загубата на младиот фудбалер, а бројни клубови, спортисти и пријатели се простуваат од Аган Асани, изразувајќи почит кон неговиот живот и љубовта кон фудбалот.
