Голем хакерски напад на државната железница на Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинската државна железница во понеделникот соопшти дека нивните системи биле изложени на сајбер напади од големи размери.

„Обновата на онлајн системите е во тек“, соопшти компанијата на „Телеграм“.

Сообраќајот на возовите засега е стабилен, и работи без оддоувања.

Во исто време, украинските воздухопловни сили во понеделникот објавија дека собориле 57 од 99-те беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта.