Голем потрес во Барселона: Меси соопшти дека сака предвреме да го раскине договорот и да си замине

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Барселона останува без својата икона Лионел Меси, кој денеска ги извести челниците на каталонскиот клуб дека сака да си замине од тимот, и тоа веднаш да го раскине договорот, пишува АС.

Каталонците потврдиле дека добиле факс од Аргентинецот, и дека веднаш одговориле на барањето. Барселона наводно му соопштила на Меси дека не постои правна основа за раскин на договорот.

Така клубот не планира така лесно да се откаже од Меси, и за него бара 650 милиони евра, колку што наводно стои во договорот како откупна клаузула.

Договорот на Меси со клубот важи до 30 јуни 2021 година.