Голем пожар во близина на штипското Ново Село. Се бара да се дејствува со хеликоптери и авиони за да се локализира овој голем пожар, кој според очевидци зафатил и викендици.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информираше дека еден сопстеник на викендица е повреден.
Ангелов веќе се упати кон местото, и наскоро ќе се јави со повеќе информации.
