Случаен минувач до редакцијата на ТВ21 испрати видео од кое се гледа дека во близина на поранешната телевизија А1 на улицата Перо Наков, во моментов беснее голем пожар.
Не е познато што гори, и што го предизвикало пожарот, а во моментов е забележлив само голем црн облак.
