Голем пожар во индустриска зона во близина на Мадрид

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Голем пожар избувна во градот Сесена, во близина на Мадрид. Инцидентот се случил доцна попладне во индустриска зона.

Пожарот зафати најмалку четири згради во сопственост на голема меѓународна шпедитерска компанија. Огнот се прошири во голем дел од областа, која се протега на површина од 52 илјади квадратни метри.

Причинета е сериозна материјална штета, вклучително и урнати покриви. Засега нема податоци за евентуални загинати и повредени лица.