Голема кражба на податоци на сопственици на луксузни автомобили во Холандија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Украдени податоци од имиња, адреси, и-мејл адреси, регистраски ознаки на автомобили и датуми на раѓање на сопствениците, се понудени на продажба на хакерски веб-страници и форуми во Холандија.

Адресите и броевите на телефони на можно и милион Холанѓани, завршиле во раце на криминалци, украдени од компанија која се занимава со сервисирање на компјутерски системи на луксузни автомобили, објави денеска холандската телевизија НОС.

Иако точниот број на сопствениците на автомобили не е утврден, можно е да се во прашање 7,3 милиони податоци.

„Со овие податоци, авто мафијата може многу лесно да види каде се наоѓаат скапите автомобили“, објасни Џо Фокер, кој во холандската полиција се занимава со истрага на сајбер и организиран криминал.