Голема материјална штета од вчерашниот пожар во пограничниот регион на Гевгелија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарот во гевгелискиот пограничен регион во близина на пречистителната станица, во чие гасење вчера  координирано учествуваа екипи од ТППЕ Гевгелија и противпожарната бригада на општина Пеонија нанесе материјални штети на земјоделските посеви во пограничниот регион.

Покрај пожарникарите од Гевгелија и Поликастро, во гасењето на огнот учествуваа и сопственици на земјоделските посеви како и вработени во ЈПКД „Комуналец” од Гевгелија, со чија помош беше спречено понатамошно проширување на огнот и негово доближување до грчките села.

-Пожарот предизвика штета на земјоделска површина од 30 хектари, од кои 15 хектари биле посеани со житни култури. Изгоре земјоделска механизација, една штала со седум животни и една викендичка, изјави денеска Игор Ризов, командир на ТППЕ Гевгелија.

Појасни дека по избувнувањето на пожарот веднаш била остварена телефонска комуникација со грчките пожарникари заради координација во гаснењето на пожарот.