Голема трагедија во Гана: Автобус со млади фудбалери паднал во река, најмалку осум загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалскиот сојуз на Гана соопшти тажна вест за страшна сообраќајна незгода која се случила блиску Кумаси, во регионот Ашанти.

Автобусот пренесувал деца, млади фудбалери на регистрација за новата сезона, паднал во река, и во таа прилика загинаа осум лица.

Порталот „Мои вести“ од Гана соопшти дека загинатите биле деца од 12 до 15 години. Шест од нив загинале на лице место, а потоа две лица во болница.

Уште 30 се примени во болницата „Свети Патрик“ во Офинс.