Големо разочарување од ЕУ, која е алтернативата? – Заев не се враќа, Шекеринска со амбиции за преземање на СДСМ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ниту коалиционите партнери не успеаа да го разубедат премиерот Зоран Заев во намерата да поднесе оставка. Тој до крајот на неделава ќе ја достави до Собранието. Градоначалникот во заминување Петре Шилегов, како што нефицијално дознаваме вината за поразот ја посочувал кон Заев. Од скопското крило на СДСМ брифираат дека, Радмила Шеќеринска има амбиции и капацитет за премиер и преземање на партијата. Со тоа, како што велат тие вистински би се обединила СДСМ, но од друга страна Заев како што дознаваме „игра“ со името на Сања Лукаревска. Но апетите за преземање на СДСМ имал и Бранко Црвенковски.

„Се чувствива веќе тенденцијата по заминувањето на Заев дека има пројавено амбции неколку групации кои беа досега незадоволни од начинот на кој СДСМ ја водеше политиката од Преспанскиот договор па до денеска. Мислам дека ја препознавате една групација што ја предводи поранешниот претседател на СДСМ, поранешен претседател и премиер на државата Бранко Црвенковски не го криеше тоа“, истакна Владо Бучковски.

„Јутарни лист“ коментирајќи ја оставката на Заев, пишува дека Европската Унија изневери многу држави, но една речиси уништи. Неспорно е дека за евентуални нови тензии во државата и политичката нестабилност одговорноста ја сноси и Европската Унија.

„Претседателот на Владата на Македонија, односно Северна Македонија (таа држава беше принудена да го промени и името во надеж дека ќе се отворат вратите за интеграција во ЕУ) Зоран Заев поднесе оставка откако неговата партија доживеа тежок пораз на локалните избори. На прв поглед тоа се чини како разумен чин, доказ за чувството за одговорност за неуспех, што и не е некоја карактеристика на политичарите на Балканот. Лидерот на партијата е најзаслужен кога се победува, но и најодговорен кога се губи. Но оставката на Заев има значително поширок контекст“, вели „Јутарњи лист“.

Македонија беше првата од државите од регионот на патот кон ЕУ, пред Хрватска. Прва имаше склучено Спогодба за стабилизација и асоцијација. И додека Хрватска го заврши патот кон членството и влезе во ЕУ пред повеќе од осум години, сега С Македонија се уште чека на првиот чекор, отворање на преговори, наведува „Јутарњи“.

Но, која е сега алтернативата? Дали наместо во ЕУ за Македонија е подобро да се зачлени во Европската Економска Област, анализира професорот Марјан Бојаџиев од Американ Колеџ во Скопје

„Второ – апсолутно е зона на слободна трговија, царинска унија т.е. безцаринска унија внатре во регионот, третото е партнерски однос – тоа што сега ние го немаме. Значи ЕЕА има партнерски однос со ЕУ за многу прашања взаемно ги тангираат и решаваат заеднички и четвртото и најважно е владение на правото – што гледаме дека е најголем проблем“, посочи Марјан Бојаџиев.

Визијата која Заев ја реализираше едно општество за сите и тоа беше силно поддржано и поздравено од маѓународниот фактор. Многумина велат дека тоа е и најсилната страна на Заев како политичар, но истовремено се поставува и прашањето дали тој може да ја продолжи оваа визија и да ја промовира надвор од политикара.

Коалицијата предводена од социјалдемократите освои мало мнозинство на минатогодишните парламентарни избори. Заев е на чело на Македонија од 2017 година.Тој беше иницијатор за Преспанскиот договор кој го отвори патот на кон Европската Унија, а минатата година станавме и дел од НАТО Алијансата.