Ѓорческа го дозна првиот ривал на Вимблдон – ја чека шестата носителка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По историскиот пласман во главната ждрепка на Вимблдон, македонската тенисерка Лина Ѓорческа го доби својот прв противник на најпрестижниот светски тениски турнир.

По трите последователни победи во квалификациите и обезбедениот настап во главниот турнир, Ѓорческа во првото коло ќе се соочи со Американката Аманда Анисимова, која е поставена за шеста носителка.

Станува збор за една од најсилните противнички во ждрепката. Анисимова минатата година стигна до финалето на Вимблдон, каде убедливо беше поразена од Ига Швјонтек со 2:0 во сетови (6:0, 6:0). Таа во изминатата сезона забележа и финале на Отворено првенство на САД.

За Ѓорческа ова ќе биде најголемиот предизвик во досегашната кариера, но и можност да се одмери со една од најдобрите светски тенисерки на најголемата тениска сцена. Историскиот пласман во главниот турнир веќе претставува значаен успех за македонскиот тенис, а дуелот со Анисимова ќе биде нова можност Ѓорческа да се претстави пред светската спортска јавност.