Претседателот на Историската комисија меѓу Македонија и Бугарија Драги Ѓорѓиев е вечерва гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Заедно со него е и членот Петар Тодоров, и дебатираме на актуелната тема и спорот со Бугарија.
Ѓорѓиев рече дека на средбите не се разговара воопшто за македонскиот идентитет и јазик, како што се добива впечаток во јавноста.
„Ние апсолутно, не дискутираме ниту за македонскиот идентитет, ниту за македонскиот јазик, бидејќи во јавноста се создаде една фама дека за тоа се дискутира“, рече Ѓорѓиев.
Се надоврза и Тодоров кој што кажа дека била спомената Преспа од колегите, и кога им било кажано дека целосно предвидува признавање на македонскиот јазик, Бугарите одговориле дека Преспа не важи, и дека треба да се повикаат на Договорот за добрососедство.
