Ѓорѓиева: Секој попишувач ќе има обврска пред влегувањето во секое домаќинство да се дезинфицира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По новинарско прашање околу сигурноста на граѓаните при пристигнување на попишувачите во нивниот дом, Јасмина Ѓорѓиева од Државниот завод за статистика посочи дека секој попишувач ќе има обврска да се дезинфицира пред посетата на ново домаќинство.

„Според протоколот, секој попишувач ќе биде иструиран, односно ќе има обврска пред влегувањето во секое домаќинство да се дезинфицира, што значи дека треба да стави маска, да ги дезинфицира рацете, лаптопот и потоа да влезе во вашето домаќинство. Кога ќе излезе од вашето домаќинство треба да го стори истото“, посочи Ѓорѓиева.

Таа смета дека почитувајќи ги овие правила нема причина за сомнеж дека можеби некој ќе го пренесе вирусот.