Претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, воедно и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека треба да се разгледаат измени во законот за локална самоуправа со што и градоначалниците ќе можат да одговараат или да бидат разрешени од функцијата доколку не ги исполнат очекувањата на граѓаните.
Ѓорѓиевски се жали дека немаат комуникација со Град Скопје, не само со Кисела Вода, туку со ниту една скопска општина. Оттаму, тој смета дека токму овој случај со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, треба да биде причина и појдовна основа поради која треба да се донесе закон за одговорност за градоначалниците на општините.
Но до каде е прашањето за преземање на ингеренциите на претпријатијата Паркови и Зеленило и Комунална Хигиена и нивно предавање во општините? Ѓеорѓиевски вели дека не се откажале но дека треба да се разгледаат законските можности.
Ѓеорѓиевски соопшти дека со МВР и пратениците се дискутира можноста за воведување општинска полиција и да се интервенира во законот. Ова според него може да се случи до крајот на неговиот мандат како претседател на ЗЕЛС.
