Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 проговори за останатите кандидати кои се во трката за градоначалници на Град Скопје.
Како што вели, секоја нивна идеја која ќе придонесе за подобар живот ќе биде применета.
„Горан Марковски ќе биде вклучен после изборите како дел од моите советници доколку би прифатил таква работа да помогне во однос на сите овие проекти кои што треба да ги реализираме. Каја Шукова, мислам самата се понуди за директор на Комунална Хигиена. А може ќе спроведеме постапка – интервју. Ако се покаже дека е најдобар кандидат можеби ќе биде поставена за директор…“, истакна Ѓорѓиевски.
