Ѓорѓиевски: Спроведена десетта фаза од дезинсекцијата против комарци во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Скопје е реализирана десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци, информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека активностите продолжуваат согласно Годишната програма, законските обврски и елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје.

„Утрово, во раните утрински часови, беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Активностите продолжуваат и утре“, информираше Ѓорѓиевски.

Според него, во изминатиот период биле реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци, преку авионска и теренска дезинсекција.

Од почетокот на сезоната биле спроведени повеќе акции, меѓу кои третмани против ларви во мај, јуни и јули, како и дезинсекција против возрасни комарци во јуни и јули.

Ѓорѓиевски најави дека следната недела ќе биде спроведена и дополнителна теренска дезинсекција од земја, со цел уште поефикасно намалување на бројот на комарци и заштита на здравјето на граѓаните.

„Продолжуваме одговорно, навремено и системски да работиме на заштита на јавното здравје и подобар квалитет на живот за граѓаните“, порача градоначалникот на Скопје.