Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека не третирањето на контејнерите во Кисела Вода и во другите општини од страна на Комунална Хигиена било удар кон градоначалниците.
„Граѓаните не треба да ги интересира чива надлежност е контејнерот, тука ќе има сериозни постапувања, гледам дека има сериозни заложби од институциите, особено од Финансиската полиција која работи на неколку предмети но не смеам да обзнанувам детали во јавност“, вели Ѓорѓиевски.
Тој додава дека сето тоа било смислено сценарио на одредени поединци.
„Се знае кој е тој што е со име и презиме, а тоа е мојата претходничка Данела Арсовска која имала командна одговорност“, додаде Ѓорѓиевски.
