Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, излегува од притвор со гаранција во имот вреден 508 илјади евра. Судот, по позитивно мислење од Обвинителството, му определил мерки на претпазливост, јавување во суд и одземање на патната исправа.
Притворот е укинат и за Томислав Младеновски и Ѓуро Чубриновски, со гаранции од 206 илјади, односно 1,6 милиони евра. Инаку, во истрагата се опфатени 18 лица, кои се сомничат за проневера на повеќе од 180 милиони денари во ФФМ.
Од 12 приведени во јуни, за осум беше побаран притвор, а за четворица мерки на претпазливост. Пет лица и натаму се недостапни за органите на прогонот.
