Грчките власти ги повикаа жителите да ја евакуриаат областа во предградието на главниот град Атина, каде што избувна силен пожар, кој е проблематичен и поради силните ветрови.
Официјалните лица соопштија дека 40 пожарникари, поддршани од шест противпожарни авиони, се обидуваат да го локализираат пожарот во околината на Вари, 30 килоемтри јужно од Атина.
Областа е преполна со згради и други станбени објекти.
