Гори кров на зграда во Белград

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожар избувна на покрив од станбена зграда во раните утрински часови во белградската населба Бараево.

Пожарот избувнал во 8:30 часот наутро, а на местото се испратени седум противпожарни возила и 17 пожарникари. Низ населбата се проширил густ чад. Засега не е познато која е причината за пожарот.