Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека во Шуто Оризари е пријавен пожар во сува трева, кој, како што наведуваат, се шири кон куќите.
За случајот е известена и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
„Преку Единствениот повикувачки број 112 е примена пријава за пожар во сува трева. Огнот се шири кон куќите, во близина на „Џиди Комерц“ во Шуто Оризари. За настанот се известени екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје“, соопштија од Центарот за управување со кризи.
