Гостиварец не го почитувал куќниот притвор, па веднаш спроведен во Идризово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера (25 февруари) околу 12 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба го
привеле 30-годишниот гостиварец А.Б., кој не ја почитувал мерката куќен притвор, а бил осуден на затворска казна за сторено кривично дело
„неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Гостиварецот А.Б. е спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна.