Зеленски: Украина и ЕУ бараат решение за нови санкции против Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски изјави дека Украина го утврдила форматот на соработка со Европската Унија, со цел деблокирање на пакетот помош и продолжување на рестриктивните мерки против Русија.

Во обраќање Зеленски изјави дека со дипломатите разговарал за активностите за април и почетокот на мај, како и за подготовката на одлуките во врска со пакетот за поддршка на Украина, отворањето на преговарачките кластери со Унијата и санкциите против Русија, пренесува Укринформ.

„Гледаме дека се можни правилни промени во европската политика и дека е потребно да се подготват соодветни одлуки, како за пакетот за поддршка на Украина, така и за отворањето на кластерот, како и за санкциите против Русија“, рече Зеленски.

„Отсуството на нови санкции ги деморализира бранителите на обединета Европа и ја охрабрува Русија да продолжи со својата војна и агресивна политика“, изјави украинскиот претседател.

Зеленски истакна дека Украина ќе продолжи конструктивно да соработува со своите партнери и со Европската Унија како целина, со очекување дека другата страна ќе покаже ист пристап.