Попова Шапка со 2 степени беше најстудено место утрово во Македонија.
Во Берово и Демир Капија беа измерени четири степени, во Скопје, Струмица и Лазарополе пет степени, шест степени беа измерени во Маврово, Тетово, ПРетор, Крива Паланка, Охрид, Штип, Битола, Крушево и Прилеп. Најтопло беше во Куманово и во Виница каде беа измерени девет степени.
Најмногу дожд наврна на Попова Шапка (13 литри на метар квадратен), после тоа девет во Маврово, пет во Тетово, четири литри на метар квадратен во Пожаране и Скопје, два во Крушево, едно литро во Крива Паланка, Тополчани, Прилеп и Велес.
Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степени.
