Водата е загадена во пола држава, за водата во Гостивар не се објавуваат резултатите, а вие премиере немате одговор за тоа чија е одговорноста за тоа и зошто не се пријавувале соодветно резултатите. Ова беше прашањето на претседателот на СДСМ Венко Филипче упатено до премиерот кој меѓу другото го обвини и дека целокупната состојба во државава со постојаните поскапувања, економската криза, здравството, корупцијата, блокираниот европски пат.
„Кој е премиере крив за овие работи? Јас знам вие ќе кажете Венко е крив, СДСМ е крива за се ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи. Но сакам тоа да го слушнам од вас. Кој е премиере крив за сите овие работи во државата?“, вели Венко Филипче.
Мицкоски повтори дека очекува Гостивар наскоро да добие чиста вода за пиење.
„Дали јас како инженер или Панче како правник се разбира или не се разбира во хипер нехиперхлорирање не знам но знам дека ако вчера беа 6 примерока неисправни, денес се два, очекувам дека гостиварци ќе имаат за неколку дена исправна вода и за пиење, тие што се одговорни се наоѓаат таму каде што се, а го повикувам и Обвинителството да се позанимава и со овие наводи“, вели Христијан Мицкоски.
Мицкоски за состојбите во државата за кои праша Филипче одговараше со споредбени параметри од сегашната со состојбата на претходната влада на СДСМ.
