Град Скопје ќе го продолжи булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Советот на Град Скопје денеска донесе Одлука за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градното земјиште на подрачјето на градот Скопје за 2021 година, со што е предвидено да се продолжи изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево. 

Град Скопје информира дека се работи за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се продолжи булеварското решение на потег од влезот во населбата Пинтија до Драчево, во должина од над два километри.   

– На овој потег оваа сообраќајница ќе се реконструира и прошири и ќе прерасне во модерен булевар со четири  сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки, модерно и енергетски-ефикасно јавно осветлување, како и дополнителна комунална инфраструктура, соопшти Град Скопје. 

Околу 70.000 граѓани од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и околните населени места, ќе можат побезбедно и полесно да патуваат, но голем бенефит ќе има и индустриската зона што е лоцирана во овој дел од градот. 

error: Content is protected !!