Град Скопје ќе ја врши експропријацијата за „Чаирчанка“ – најавено проширување со 2 ленти и велосипедска патека

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Покрај долгите редици, на булеварот „Цветан Димов“, познат како „Чаирчанка“, пешаците имаат проблеми и со движењето бидејќи тротоарот е окупиран од автомобили.

-Граѓаните на Чаир секојдневно се соочуваат со овој сообраќаен хаос на булеварот „Цветан Димов“. Општина Чаир и Градот Скопје најавуваат проект за решавање на овој проблем, вели репортерката на ТВ21, Фазиле Халили.

Уште пред да биде готов проектот, градоначалникот на Скопје, Ѓеорѓиевски, рече дека ќе започнат со експропријација за да не се губи време. Урбанистичкиот план, како што посочи, ќе се направи со проширување на патот, каде што ќе има велосипедска патека и тротоар за пешаци.

-Разгледувавме други опции уште во предизборниот период, кои подразбираат различен стил и начин на работа за изградба на булеварот. Тоа не е можно ниту финансиски, ниту во однос на поопшт урбанистички план. Единствениот излез, односно конечното реализирање на „Цветан Димов“, е проширувањето што треба да го направиме, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје.

Покрај „Јахја Паша“, која ќе има две нови ленти, градоначалникот на Чаир Изет Меџити, најави уредување на други патишта.

-Она што ветивме дека ќе го направиме за четири години, се чини дека во Чаир ќе го постигнеме уште во првата година. Гледате дека штотуку го започнавме патот „Ферид Мурад“, патот „Македонска-Косовска Бригада“, или патот „Мит’хат Фрашери“, ќе биде започнат. При крај сме во Дижонска со сокаците, да го поправиме главниот пат на Дижонска, и излегуваме на патот „Цветан Димов“ или патот „Јахја Паша“ на кој ќе му бидат додадени две ленти, изјави Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир.

Инаку, се очекува проектот за булеварот „Цветан Димов“ да биде доставен до крајот на годината до Градот Скопје од страна на Општина Чаир, а потоа Градот ќе распише тендерска постапка.