Град Скопје нема да ги исклучи уличните светилки – Арсовска: Го намаливме интензитетот на лед светлата на 70% од моќноста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на Скопје ќе можат да се движат во ноќните часови без да стравуваат. Град Скопје, и покрај енергетската криза, не планира да ги изгаси светлата на уличното осветлување. Ова го изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Арсовска вели дека откако е најавена енергетската криза, градот почнал со намалување на интензитетот на уличното осветлување на улици и булевари кои се под негова надлежност.

Со цел штедење електрична енергија, Градот Скопје воведе краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки и истите им ги предлага на јавните претпријатија и институции кои се во надлежност на Градот. Мерките за штедење струја стапуваат на сила од 1 септември и ќе важат до 31 март 2023 година.