Градежен шут, метални канти, автомобилски гуми, облека… најдени во реки од сливот на Охридското Езеро

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Анализите кои биле спроведени во дел од реките кои се влеваат во Охридското Езеро, покажале алармантно загадување со цврст отпад на четири реки.

Спроведени биле испитувања на реките Черава, Грашница, Далјан и Сатеска, по што е констатирано присуство на големи количини отпад во форма на градежен шут, пластични шишиња, метални канти, автомобилски гуми, разна облека, пренесува МИА.

Властите апелираат на совесно однесување, и најавија поголеми контроли, и санкции за оние кои не ги почитуваат прописите за одложување на отпад.