Градинката во Арачиново никако да се отвори, Ибрахими го обвинува Лимани, Лимани, пак, министерството за финансии

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Никако да се отвори градинката во Арачиново иако објектот веќе подолго време е готов. Родителите мораат да трошат пари и да ги носат децата во поблиските градинки во градот. Но каде е проблемот?

Градоначалникот на оваа општина Ридван Ибрахими вината ја префрла на Министерството за социјална политика, демографија и млади каде министер е Фатмир Лимани.

Ибрахими: Јас лично комуницирав со министерката за финансии и таа ме извести дека се потпишани согласности за вработување, додека Министерството за социјална работа се уште ги нема издадено тие согласности.

ТВ21: Дали сте комуницирале директно со министерот?

Ибрахими: Имаме комуникација со кабинетот на министерот и тие до ден денес немаат одговор зошто?!

Побаравме одговор од министерот Лимани, но одговор не добивме. Во меѓувреме, пред 10 дена кога го сретнавме на настан, го прашавме на оваа тема, но тој ја префрли топката до Министерството за финансии.

-Градоначалникот на општината го адресираше планот за трошење буџетски средства, ние тоа го испративме до Министерството за финансии, истото барање се очекува да се елаборира во Министерството за финансии а потоа да го испратиме до Министерството“, рече Лимани.

Сепак, градинката во Арачиново не е единствената што не е отворена. И во Чаир, градинката Бамби е готова, но се уште нема почнато со работа. Претходно беше објавено дека треба да се отворат уште 30 вработувања за градинката Рилиндја во Тетово. Оваа градинка е изградена со средства од Европската Унија, со капацитет за 153 деца.