Канализацијата незавршена во Чегране – Лимани: Работите започнуваат во април

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако е меѓу најголемите села во Македонија, гостиварско Чегране и натаму е без завршена канализација. Во еден дел од селото има, но останатиот дел се уште се чека, иако има ветувања во секој изборен циклус.

Жителите велат дека секогаш кога врне се поплавуваат куќите, особено во долниот дел.

-Во делот каде што сум јас го нема ни тоа што го има во останатиот дел од селото, не е функционално. Не работи, кога врне овде наоколу не можеш да поминеш и камионот ги пушта автомобилите. Ветувања има, секогаш ќе има, имало па оставиле така, можеби некогаш ќе се случи но кога не знаеме. Од десната страна одиш до дома, еве имаме комшија му се уништи куќата, нема каде да се жалиме

-Дел од канализацијата веќе е направена, можам да кажам 70%. Останатото ќе почекаме да се реализира, имаме ветувања од општина Гостивар, имаме ветување од градоначалникот Ваљбон Лимани дека овој проект ќе биде завршен во следниот мандат за канализацијата што е предвидена.

-Мрежата е изградена, ископана е и половина е нефункционална.

Вршителот на должноста градоначалник на Гостивар, Ваљбон Лимани, вели дека аплицирале до Министерството за животна средина и дека се очекува да се работи на останатиот дел во април.

-Чегране како проект за фекална канализација започна во првиот мандат на градоначалникот Арбен Таравари и се работеше по одредена динамика“, изјави Лимани.

Сега, за вториот дел, за главниот дел ние веќе аплициравме во Министерството за животна средина и најверојатно од информациите што ги имам од Министерството, овој главен дел треба да продолжи во април доколку се биде во ред.

Инаку, дел од жителите на Чегране во куќите имаат отворено бунари за исфрлање на отпадните води.