Градинките го прекинаа штрајкот, одлуката ги израдува родителите кои одат на работа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова попладне децата спиеја во градинките.
Вчерашната одлука на СОНК го прекина штрајкот во градинките. На родителите им падна најтешко штрајкот во градинките, вели за ТВ21 воспитувачката во кичевската градинка, Арлинда Шајини.

„Денеска почнавме со работа, како и сите други градинки, родителите со радост ја примија оваа одлука бидејќи одат на работа и нема кој да се грижи за нивните деца.
Директорот на градинката во Кичево, Садик Ахмети вели дека одлуката за враќање на работа била поздравена и од самите вработени“, вели Шајини.

„Денеска почнавме со работа согласно одлуката што ја донесоа МТСП и СОНК кои постигнаа договор за покачување на платите за 12% , кој ние како раководство го поздравуваме, вели Садик Ахмети директор на градинка во Кичево.


Оваа градинка, која е единствена во Кичево беше принудена и за време на штрајкот да работи но само заради неколку деца, чии родители одеа на работа и немале каде да ги остават своите деца.


„Оние родители кои немаа друг избор, ги примавме нивните деца, односно градинката не ги затвори вратите за децата чии родители немаа друг излез, но стануваше збор за мал број деца кои доаѓаа и во време на штрајк“, вели Ахмети.


Штрајкот во училиштата и градинките почна на 11 април. Градинките почнаа со работа денеска а во основните и средни училишта продолжува се до изнаоѓање компромис меѓу СОНК и Владата за покачување на платите.