Градоначалник во Албанија ќе биде уапсен поради корупција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанските обвинители објавија дека наредиле апсење на градоначалникот на крајбрежен туристички град на југот од земјата под обвинение за корупција, јави Aсошиејтед прес.

Специјалниот суд за борба против корупција и организиран криминал, кој се занимава со случаи на високи функционери, нареди апсење на Јорго Горо, градоначалникот на Химара. Тој е обвинет за злоупотреба на власта за наводно создавање лажни документи за да добие државно земјиште за поранешен пратеник кој планирал таму да изгради приватен туристички центар.

Уапсено е уште едно лице, а на уште тројца вработени во општините Химара и Валона им е одреден домашен притвор. Доколку бидат прогласени за виновни, на петмината им се заканува казна затвор до седум години.

Вчера немаше коментар од Горо или неговиот адвокат.

Горо беше обвинет од затворениот политичар Дионисиос Алфред Белери дека ги подготвил лажните документи за имотот од 5.512 квадратни метри.

Химара, која се наоѓа на 220 километри југозападно од главниот град Тирана, е главна туристичка атракција на албанската ривиера.

Околу 10 милиони туристи ја посетија малата земја од Западен Балкан минатата година, а нивните трошоци сочинуваат околу една петтина од бруто домашниот производ на земјата.