По силното невреме што попладнево го зафати главниот град, сите надлежни служби и јавни претпријатија се целосно мобилизирани и веќе интервенираат на терен. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Кризниот штаб е во постојана координација со сите релевантни институции за да се спречат поголеми штети и да се заштитат граѓаните.
Екипите на Град Скопје делуваат синхронизирано со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Министерството за внатрешни работи (МВР), ЕВН и Противпожарната бригада. Сите расположливи ресурси и механизација се ставени во пoлна функција.
„Екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба. Службите се мобилизирани, екипите се на терен — граѓаните не се сами“, порача Ѓорѓиевски.
Дежурни телефони за пријавување штети
За сите граѓани кои соочуваат со последици од невремето, имаат потреба од помош или сакаат да пријават итна состојба и штета, отворени се следниве телефонски броеви:
112 (Единствен број за итни случаи)
+389 78 207 687
Од Град Скопје апелираат до сите жители на главниот град да останат смирени и внимателни, да ги следат упатствата и препораките на надлежните институции и да овозможат непречена соработка со екипите кои работат на терен.
