И понатаму нема одлука за суспензија на Деталниот урбанистички план кај „Холидеј Ин“ од општина Центар, каде што инвеститорите „МГ Фешн“ и „МПЦ“ ќе градат три кули, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК
Ова било одлучено на денешната седница на Советот на Општина центар, на кој на дневниот ред немало точка за суспензија на деталните урбанистички планови.
Меѓутоа по предлог на советниците од СДСМ, бил донесен заклучок, со кој не важи повеќе заклучокот донесен на 25 декември кога се дадолжија службите да направат елаборати во кои ќе бидат наведени прекршувања на постапките. Сега овие елбароти не важат, и Општината ќе треба да прават нови.
„Поради неможност во целост да се постапи по заклучокот за постапување по член 23 од Законот за урбанистичко планирање донесен на 25 декември 2020, се јави потреба од дополнително прецизирање и донесување на нов заклучок, кој појасно и со конкретни насоки ја констатира потребата од суспензија на деталниот план, негов дел или плански опфат. Со овој заклучок се прецизира кои делови при изработка на стручните елаборати нема да бидат земени во предвид. За голем дел од овие предмети се почнати судски постапки. Дел од нив немаат одобрение за градење, некои се во фаза на раскинување на договорите, некои се во фаза на прогласување за ништовни, но постапките се во фаза на жалби пред судските органи, па задирање во овие предмети е правно невозможно во оваа фаза. Поради тоа, конкретните постапки кои се водат мора правосилно да завршат, во спротивно нивно суспендирање во овој момент би значело големи штети за Општината и основ за барање на надоместок на штета“, се вели во заклучокот кој беше усвоен од Советот на Општина Центар, пренесува СДК.МК
