Градоначалникот на Чешиново Облешево позитивен на тестот за коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев, е позитивен на тестот за коронавирус.

Имено, тој истакнал дека на 23 март бил на фризер кај сегапочинатиот од Кочани, а откако дознал дека истиот е заразен со коронавирус, веднаш закажал два термини за тестирање.

Тој додал дека првиот тест бил негативен, додека вториот испаднал позитивен.

Претходно, и докторката Јасмина Ајтовска од општината Чешиново Облешево на социјалните мрежи упати повик кон граѓаните со цел сите кои имале контакт со градоначалникот или вработените од општината да се пријават кај својот матичен лекар.

Таа посочува дека заболени од коронавирусот нема, но има позитивни лица во општинската зграда.