Градоначалници на општини од Косово, Албанија, но и Прешево беа гостин на општина Тетово. Домаќинот Биљал Касами вели дека оваа средба има за цел зголемена соработка за промовирање на туризмот меѓу општините од трите држави.
-Излезе како иницијатива на амбасадорот Минџози да имаме посета на градоначалници од Косово во Тетово и заедно да патуваме во Поградец, значи, ова е посета без некој посебен протокол, посета за запознавање на градоначалниците, во рамки на духот на соработката што ја делиме како локална власт и во рамки на реализација на заеднички проекти“, изјави Касами.
Амбасадорот на Албанија во Косово, Ќемал Минџози, рече дека целта е и општините од Северна Македонија да бидат вклучени во туристичката агенда, во која веќе соработуваат другите општини.
„Меѓу Косово и Албанија веќе е воспоставена добра соработка во туризмот, го имаме градоначалникот на Ѓаковица овде, кој не само што почна соработка со Тирана и Драч, со Поградец и Корча, ние сакаме да ја вклучиме тука и Северна Македонија, застанувањето да не биде само за пауза, ручек или еднодневна посета, туку да имаме заедничка туристичка програма.“, рече Минџози.
Организаторите изјавија дека добра идеја би била учениците да одат во екскурзија по градовите на Албанија и Косово, и подобро да ги запознаат местата.
