„Гол. Радувај се Македонијо. Европско првенство во фудбал. Македонија оди на Европско првенство“.
Овој гол на Пандев со акција на Елиф Елмас и Илија Несторовски ги израдува сите граѓани на Македонија. Ден по натпреварот еуфоријата уште е присутна. Граѓаните велат дека по секојдневните лоши вести поврзани за пандемијата со Ковид 19, со победата барем за миг го заборавиле вирусот. Пласманот во Евроското првенство го оценуваат за голем успех на државата.
„Пред се голема радост. Голема радост. Одамна не сме имале вакво нешто што се сплотува и обединува. Ни беше многу потребно поготово овие времиња“, вели граѓанин.
„И ние малку да бидеме низ Европа да не видат дека Македонија игра убаво. Наши фудбалери, убави деца играат. Не мора само Кристијано да се фали нека се фалат и нашите македонци“, посочува граѓанин.
„Така се бранат боите на државата. Секоја чест. Им честитам и поголеми успеси на Европско првенство. Навистина големо задоволство. А едниствено ми е жал што едниот удар на Елмаз не заврши во голот“, посочува граѓанин.
„Голем успех за репрезентацијата и државата. Многу се радувам. Секогаш пратам фудбал и сум презадоволен“, истакнува граѓанин.
„Тоа е нешто многу убаво големо дело. Тако ќе прикажеме кој сме ние. Ќе кажеме на Европа дека Македонија постои како држава“, вели граѓанин.
„Дали навивате? Не.“
„Супер презадоволни, и чесни сме. Супер“, вели граѓанин.
„Да очекуваме некој гол, барем тоа во најмала рака. Да се радуваме на уште една победа“, порачува граѓанин.
„За Македонија значи да се појави во Европа, да видат дека е во Европа. Не е во Африка, туку во Европа. Им одржија лекции на сите, и сега нека се мислат тие“, истакнува граѓанин.
Се уште не е познато дали натпреварите ќе се играат со публика, па затоа граѓаните се во неизвесност дали ќе можат да ја бодрат репрезентацијата. Европското првенство треба да се одигра следната година во неколку градови во Европа. Македонија ќе игра во Групата Ц заедно со селекциите на Холандија, Австрија и Украина. Градови домаќини на натпреварите од оваа група ќе бидат Букурешт и Амстердам. Европското првенство почнува на 11 јуни 2021 година, а првиот меч Македонија ќе го одигра против Австрија на 13-ти јуни.
